Во понеделникот се притворени 5 лица во месноста Газипаша, во Анталија, како дел од една истрага против движењето Ѓулен. Владата го обвинува движењето за планирање на неуспешниот обид за воен удар.
Меѓу притворените се најде лицето со иницијали Џ.А. менаџер на аеродромот на Газипаша, еден доктор од Државната болница на Газипаша, двајца мали бизнисмени и еден пожарникар.
На 15 јули во Турција се случи еден неуспешен обид за државен удар. Таа вечер беа убиени над 240 лица и илјада други беа силно ранети. Турската влада и претседателот Реџеп Тајип Ердоган вината за организирање на државниот удар му ја префрлаат на движењето Ѓулен.
На 2. април Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека до сега вкупно се приведени околу 113 илјада 260 лица како дел од истрагата насочена против движењето Ѓулен. 47 илјада 155 лица се усапсени.

Related News