Вчера е киднапиран Тургај Караман, раководител на училиштата „Time International“ кои се наоѓаат во Малезија. Тој е киднапиран пред неговиот дом во градот Ипох, одејќи на состанок во градот Куала Лумпур.
Според пријавата на адвокатот на Караман, тој е киднапиран од страна на пет непознати лица, упатувајќи се кон својот автомобил во паркингот на зградата во која што живеел.

Истовремено е киднапиран и Ихсан Асан, бизнисмен кој живее во Малезија и е симпатизер на движењето Ѓулен. Според изворите, полицијата подготвила извештај за неговото киднапирање. Аслан е член на малезиско-турската комора за трговија и индустрија која е со седиште во Куала Лумпур. Според неговата сопруга, неговата ќелија е сместена во Министерството за одбрана на Малезија.
„Петте лица со сила го ставиле г-динот Тургај во нивниот автомобил марка Нисан Алмера со таблички WQE 8216. Вториот автомобил (кој бил користен за киднапирањето и го следел првиот) е Протон Ген-2 со таблички BFD 6198“ изјави еден пријател на Караман во полицискиот извештај.
Откако Караман беше спречен да оди на состанок со неговиот пријател и адвокатот, двајцата се уппатиле кон неговиот дом сомневајќи се дека и тој е киднапиран како што претходно се киднапирани двајца турци симпатизери на движењето Ѓулен, кое владата го обвинува за организирање на неуспешниот пуч минатото лето.
Снимките од камерите поставени во паркингот каде што била паркирана колата на Караман покажуваат како пет лица го присилуваат Караман да влезе во автомобилот.
„Барам од полицијата до крај да го истражи случајот на киднапирање и да го извести Министерството за имиграција за да се спречи однесувањето на г-ден Тургај од Малезија… Се плашам за мојата безбедност и сум загрижен дека ќе ми се случи истото мене и на другите моите пријатели Турци“ вели пријателот на Караман.
Турската амбасада, уште во септември минатата година извести дека официјално побарале од малезиските власти да се затворат турските училишта кои се поврзани со движењето Ѓулен, како во многу други азиски зземји. Турскиот амбасадор од државните преставници побарал да се легализираат дејностите на амбасадата против симпатизерите на Ѓулен, кои живеат во Малезија.
Турската влада го обвинува движењето Ѓулен за планирање на неуспешниот воен удар. Движењето е познато по тоа што врши образовна дејност во над 170 земји ширум светот. Сепак, турскиот министер за надворешни работи се обидува да изврши голем притисок врз земјите за да се зголеми притисокот врз движењето. (T
urkish Minute)