При посета на еден станбен комплекс во Истанбул, една жена го застана претскедателот Реџеп Тајип Ердоган и побара од него да ја искористи својата власт и да им ги одземе становите на неколку свои соседи кои веќе подолго врме се во притвор поради наводни врски со двиењето Ѓулен, кое турската власт го обвинува за организирање на несупешниот воен удар од 15. јули.
На едно видео споделено на Твитер се гледна како една жена која живее во станбениот комплекс Јешил Вади, заедно со останатите жители го застанува автомобилот на Ердоган и ги поздравува Ердоган и неговата сопруга.
Жената вели дека веќе 11 години живее во овој комплекс и го информира Ердоган за луѓето кои претходно живееле таму. Таа тврди дека тие го напуштиле комплексот пред обидот за државен удар.
Нагласувајќи дека со гофини живеела заедно со следбениците на Ѓулен, жената тврди дека полицијата извршила претрес на нивните станови поради нивните врски со движењето. Таа исто така побарала од Ердоган да се одземат нивните станови и да се продадат, а парите од продажбата да бидат донирани во фондациите „ Mehmetçik Trust“ и „Police Trust“ кои им помагаат на воените и полициските семејства.
„Тоа се жители кои живееа тука пред воениот удар. Јас барам да се наметне прелиминарна забрана на тие станови, да се продадат и парите да бидат донирани во Mehmetçik Trust и Police Trust“ рече жената.
Претседателот Ердоган го прифати овој предлог и ја праша жената дали ги знае нивните имиња. Госпоѓата рече дека раководителот на комплексот ги има сите детали, по што Ердоган рече дека ќе го „реши“ случајот.
Веста е објавена на 2. април на веб страницата Turkish Minute.