Ново видео покажаа дека полицијата се обидела со сите средства да ги растера приврзаниците на фондацијата Фуркан, додека тие го славеле Светото раѓање на Пророкот Мухаммед. Фуркан е група на социјално-религиозно граѓанско општество, позната по својот критички став против владата.
На видеото од 55 секунди се гледа како една полицајка се обидува насилно да го одвлече хиџабот од главата на една жена, додека пак таа се спротивставува викајќи: Остави ме!
Во меѓувреме, друга група полицајци се видени како прскаат бибер гас дирекно во лицата на женските членови на фондацијата Фуркан.
Во друго видео, широко споделувано на социјалните мрежи, се гледа како полицијата со палки удира по членовие на фондацијата Фуркан по една расправија во текот на протестите.
Во третото видео се гледа како полициски службенички удираат во човек врзан со лисици кој насилно бил паднат на земја откако бил донесен во полициската станица.